Моментален број на посетители:
483
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
известување
06 април 2016
 

 Почитувани

            Поради поправка на водоводен дефект на крстосницата на ул.Иван Хаџи Николов(ул.Ратко Митровиќ)  со ул.Скендер Бег  во нас.Драчево, на ден 07.04.2016 год. (Четврток) истата улица ќе биде целосно затворена за сообраќај во период од 8,00 часот до завршување на дефектот. Затоа ќе имаме пренасочување на линиите од јавниот превоз што поминуваат низ  овој потег и тоа:
           1. Линиите број 31 и 41 од Тополи т.е. раскрсницата на ул.Јустијан Први со ул.Славка Динкова ќе се движат кон село Драчево по ул.Јустијан Први(ул.Драчевска), потоа по ул.Китка и по ул.Киро Фетак продолжуваат по своите траси, користејќи ги попатните станици. Во обратна насока ќе се движат по истата изменета траса.
           2. Линиите број 41А и 42 од Тополи т.е. раскрсницата на ул.Јустијан Први со ул.Славка Динкова ќе се движат кон село Драчево по ул.Јустијан Први(ул.Драчевска) до последна станица во с.Драчево. Во обратна насока ќе се движат по истата изменета траса.

         За подетални информации граѓаните ќе можат да се информораат во Диспечерски центар на тел. 02/3173-224.


Со почит,

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.