Моментален број на посетители:
457
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
04 август 2016
 

 Се известуваат нашите ценети корисници на превоз  дека почнувајќи од петок (05.08.2016 год.) ќе почне изведување на I фаза градежни активности на ул.„Народни Херои“, а за таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај.

Поради тоа возилата од Јавниот градски превоз  кои ги опслужуваат линиите 24 и 59б, а кои се движат во правец од Центар кон Припор т.е. од запад кон исток ќе бидат пренасочени од ул. „Димо Хаџи Димов“, по ул.„Божидар Аџија“ (пред студентски дом Пелагонија)“ потоа по ул.„Вера Јоциќ“, и продолжува по својата траса ул.„Народни Херои“ и ул.„Христо Татарчев“. Во обратна насока, кон Центар т.е. од исток кон запад ќе бидат пренасочени и тоа од ул.„Христо Татарчев“, по ул.„Божидар Аџија“ потоа по ул.„Димо Хаџи Димов“ и продолжуваат по својата траса.

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.