Моментален број на посетители:
594
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
16 септември 2016
 

 ЈСП Скопје ги известува граѓаните дека почнувајќи од Четврток (15.09.2016 год.) ќе почне со изведување на градежни активности на дел улица„Ѓорче Петров“ во насока од Дексион кон Центар и за таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај.

Возилата од Јавниот градски превоз  кои ги опслужуваат линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60 кои се движат од Дексион кон Цeнтар т.е. од запад кон исток ќе бидат пренасочени од ул. „Ѓорче Петров“, по ул.„ Кузман Шапкарев“, ул.„ Борис Сарафов“ (4 ти Јули), бул.„ Македонска војска“, и продолжуваат по својата траса.

За време на траење на овој режим ќе се користат времено поставените автобуски стојалишта на ул.„Борис Сарафов“ .

Во обратна насока т.е од Центар кон Дексион или во правец исток-запад автобусите ќе ја користат постоечката траса по ул.„Ѓорче Петров“.

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.