Моментален број на посетители:
380
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
18 октомври 2016
 

             Се известуваат граѓаните дека почнувајќи од Среда (19.10.2016 год.) поради изведување на градежни активности целосно ќе биде затворена за сообраќај  дел од улица „Ѓорче Петров“ и тоа од потегот на кружнaта крстосница кај СП Планет до крстосницата со бул. „Македонска војска“.

Возилата од Јавниот градски превоз кои ги опслужуваат линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60 а кои се движат од  Дексион кон Цeнтар т.е. од запад кон исток ќе бидат пренасочени од ул. „Ѓорче Петров,“ по бул.„ Македонска војска“ кај кружната крстосница кај црквата „Св Петар и Павле“ по бул. „Партизански одреди“ и продолжуваат по својата траса.

Во обратна насока т.е од Центар кон Дексион или во правец исток-запад, моторниот сообраќај и автобусите ќе бидат пренасочени по кружната крстосница на бул. „Партизански одреди“ со ул.„Ацо Шопов“ продолжуваат по бул.„Партизански одреди“ до кружната крстосница кај црквата „Св Петар и Павле“, потоа по бул.„ Македонска војска“ по ул. „Ѓорче Петров“ и продолжуваат по својата траса.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.