Моментален број на посетители:
396
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
11 ноември 2016
 

           Се известуваат граѓаните дека во недела (13.11.2016 год.) во периодот од 16,00 до 17,30 чсот,  поради одржување на Улична трка „13 Ноември“ дел од центарот на Скопје ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки. Тоа се улиците 11-ти Октомври од крстосницата кај Црвен крст, пред парламентот, Плоштад Рекорд (ул.Димитрие Чуповски до крстосницата кај Палома Бјанка), ул.Филип Втори Македонски од Холидеј Ин до крстосницата кај Градска Болница.

Поради тоа потребно е да се изврши пренасочување на сите линии кои поминуваат на овој потег и тоа:
      

           1. Линиите со број 50, 57, 59 од Битпазар ќе се движат право по бул.Кочо Рацин (Југодрво), ул. Кирил и Методиј(Рамстор) и ќе продолжат по својата траса. Во обратна насока да се движат по ул. Даме Груев (позади Собрание), ул.11-ти Октомври, бул.Кочо Рацин и  да продолжат по своите траси.
      

           2. Линиите со број 3, 4, 4А, 5, 7, 15, 15А, 21, 22, 24 ,25 и 28 да се движат по бул.Кочо Рацин, ул.Кирил и Методиј (рамстор) и да продолжат по своите траси. Во обратна насока да се движат по ул. Даме Груев (позади Собрание) и да продолжат по своите траси
        

           3. Линија број 16 од Битпазар ќе се движи право по бул.Кочо Рацин (Југодрво) и ќе продолжи по своја траса во двете насоки.    

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.