Моментален број на посетители:
161
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
СООПШТЕНИЕ
01 јуни 2018
 

Почитувани,

Сакаме да Ве информираме дека заклучно со денешниот ден (1.06.2018) до 12 часот, ЈСП Скопје оспособи 45 апарати од Интегрираниот тарифен систем во секундарната продажна мрежа, што значи дека освен во 32 билетарници на ЈСП Скопје, „Скопска“ може да се надополнува и на уште 45 локации (маркети, трафики и слично) на најфрекфентните места низ градот/општините. Планирано е до среда(6.06.2018) во функција да бидат ставени уште 15 апарати.

Сакаме да потенцираме, дека ЈСП Скопје уште истиот ден (28.05.2018) кога истече договорот со фирмата-мастер дилер за продажба на нашите услуги почна да ги оспособува апаратите во секундарната продажна мрежа.

Во меѓувреме, ЈСП Скопје објави јавен повик до сите заинтересирани субјекти за соработка, што значи дека продажната мрежа ќе се шири. На колку дополнително места ќе може да се купува/надополнува „Скопска“ независно од досегашната развиена мрежа, ќе зависи од интересот на субјектите до кои има јавен повик за соработка.

Со оглед на досегашниот пројавен интерес, очекуваме во скоро време секундарната мрежа за продажба на нашите услуги да се прошири за значителен број локации.

Во случајов, за секој нов склучен договор за соработка со заинтересиран субјект, што практично значи нова локација за купување/надополнување „Скопска“, корисниците на нашите услуги ќе бидат навремено информирани преку средствата за јавно информирање, социјалните мрежи, веб страната на ЈСП Скопје и слично. 

Со почит,

ЈСП СКОПјЕ

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.