Моментален број на посетители:
48
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Времен прекин на автобуските линии 25, 25А и 25Б
08 јуни 2018
 

Почитувани корисници на нашите услуги, сакаме да Ве информираме дека претстојниов викенд (9.06 сабота и 10.06 недела) автобуските линии 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) нема да сообраќаат, освен линијата 25 со редовен возен ред после 16 часот во сабота, односно 15.30 часот во недела.

Причина за времениот прекин на автобуските линии е одржувањето на брзинско-ридскиот натпревар во автомобилизам „Награда на Скопје Водно 2018“ кој ќе се одржи на Водно. Од тие причини, патот на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија до Средно Водно ќе биде затворен за сообраќај, што условува прекин на автобуските линии.

Со почит, ЈСП Скопје.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.