Моментален број на посетители:
566
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
21 август 2018
 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Од утре, среда 22.08.2018 година, па во наредни 6 години, поради изведување градежни активности за изградба на подземна сообраќајница од страна на компанијата „ЛИМАК“ се воведува привремен сообраќаен режим на булеварот „Македонија“ (Јужен Булевар, зад Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“). Поради градежните зафати ќе се изврши и промена на трасата на линијата „9“, а ќе се дислоцира и една автобуска постојка.

Автобуското стојалиште на булеварот „Македонија“, кое што е во непосредна близина на катната гаража (наспроти седиштето на „Макпетрол“), привремено ќе се премести на улицата „Јордан Мијалков“ (поранешна улица „Железничка“), после пешачкиот премин кој води до паркот „Урбан парк“.

Променета ќе биде и трасата на движење на автобуската линија „9“, во насока од Клиничкиот центар кон Скопје Север. Автобусите од посочената линија на крстосницата меѓу улицата „Јордан Мијалков“ (поранешната улица „Железничка“) и улицата „Герман“, нема да вртат лево кон булеварот „Македонија“, туку, ќе продолжат да се движат право и истите подоцна ќе се приклучат кон булеварот „Македонија“ преку привремена улица пред натпатникот на улицата „Павел Шатев“, при што ќе продолжат да се движат по постојната траса на линијата „9“. 

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.

 

 

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.