Моментален број на посетители:
428
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
03 октомври 2018
 

Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека линијата број 25 која сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно од претстојниот викенд (6-7.10.2018 година) ќе има измена во возниот ред. Терминот за поаѓање на автобусот во 7.30 часот, се менува, односно поаѓањето сега ќе се реализира во 8 часот. Изминатиот период, терминот за поаѓање во 7.30 часот за време на викенди се должеше на барањето на планинарите и поради високите температури во летниот период. 
Потсетуваме дека во викендите и за време на државните празници, возењето со автобусот на линијата 25 е бесплатно за сите граѓани, а истото важи и за сродните лини 25А и 25Б, кои сообраќаат до Средно Водно, а тргнуваат од Стара железничка станица, односно од Дом на печат.
Истото се однесува и за линијата 28 која вози од Транспортен центар до Нерези (Македонско село). 
Бесплатниот превоз се воведе по предлог на голем број граѓани, a истовремено доби поддршка и од Град Скопје и ЈСП Скопје пред сѐ од еколошки аспект со цел да се контролира и регулира движењето до Средно Водно.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.