Моментален број на посетители:
552
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
08 ноември 2018
 

 

Почитувани,

        Градот Скопје ги известува граѓаните дека во недела (11.11.2018) во периодот од 15.00 до 16.00 часот поради одржување на атлетска трка „13 Ноември“ дел од центарот на Скопје ќе биде затворен за сообраќај и тоа: ул. „Филип Втори Македонски“ (Војвода Васил Аџиларски) и тоа од хотел Холидеј Ин до крстосницата  со ул„11-ти Октомври“ (Градска Болница). Потоа ул. „11-ти Октомври“ на потегот од крстосницата со ул. „Филип Втори Македонски“ према Рекорд, и ул. „Димитрие Чуповски“ до крстосницата со ул. “Даме Груев“ (кај Палома Бјанка).          

Поради овој настан ќе има пренасочување на сите автобуски линии кои поминуваат на овој потег.

1. Во дадениот период автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 50 ,57, 59 од Битпазар ќе се движат право по бул. „Кочо Рацин“ (Југодрво), ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор) и ќе продолжат по својата траса. Во обратна насока ќе се движат по ул. „Даме Груев“ (позади Собрание), ул.„11-ти Октомври“, бул.„Кочо Рацин“ и продолжуваат по своите траси.

2. Автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 3, 3A, 3Б, 4, 4А, 5, 7, 15, 15А, 21, 22, 23, 24, 25, 25А и 27 ќе се движат по бул.„Кочо Рацин“, ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор) и ќе продолжат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по ул. „Даме Груев“ (позади Собрание) и ќе продолжат по своите траси.       

3. Автобусите кои ја опслужуваат линија број 16 од Битпазар ќе се движат право по бул.„Кочо Рацин“ (Југодрво) и ќе продолжи по своја траса и во двете насоки.

4.  Во дадениот период автобусите кои ја опслужуваат линијата со број 17, ќе бидат пренасочени преку бул.„Кузман Јосифовски Питу“ по бул.„Крсте Мисирков“ и ќе продолжи по својата траса.    

Ви благодариме на разбирањето.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.