Моментален број на посетители:
597
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
08 ноември 2018
 

Почитувани,

Градот Скопје ги известува граѓаните дека по повод празникот 13ти Ноември, во недела (11.11.2018) во периодот од 12.00 до 12.30 часот ќе се одржи манифестацијата „Скопје на точак 2018“.

Возењето  велосипед ќе се одвива по бул. „Илинден“, од фонтаната Лотус до крстосницата со ул. Љубљанска“ (Скопје Сити Мол ), потоа по ул.„Љубљанска“ и ул. „Московска“. Возењето понатаму продолжува по ул„.М.Т.Гологанов“, преку Католичка Црква ул. „Димитрие Чуповски“ и ул. „11Октомври“ до крстосницата со Бул.„Кочо Рацин“. Караванот продолжува по бул.„Кочо Рацин“, бул.„Крсте Петков Мисирков“, а кај Мавровка продолжува по бул. „Гоце Делчев“ и завршува на бул.„Илинден“ кај фонтана Лотус во Градски Парк.

Наведените улици ќе бидат користени 30 тина минути и ќе бидат времено затворени кога ќе се движи караванот, со исклучок на бул. „Илинден“ кој на потегот од фонтана Лотус до крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт“ ќе биде целосно затворен за сообраќај во периодот од 11:45 до 12.10 часот.

            Во дадениот период автобусите кои ги опслужуваат линиите со број  8 и 15а ќе бидат пренасочени по ул.„Партизански Одреди“ и ул.„Франклин Рузвелт“ и понатаму продолжуваат по своите траси.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на физичкото регулирање на сообраќајот од страна на униформирани полициски службеници или други овластени службени лица како и на времено поставениот режим на сообраќај.и брзината на возење да ја прилагодат на условите на патот.

Ви благодариме на разбирањето.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.