Моментален број на посетители:
572
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
27 јануари 2019
 

Почитувани патници,

Ве известуваме дека поради непрописно паркирани приватни возила на местото предвидено за застанување на автобусите од линиите 25, 25а и 25б на Средно Водно, превозот во тој дел се одвива со големо доцнење и заглавување/непроодност до/на крајната станица.

Дополнително ситуацијата на терен ја усложнуваат и непрописно паркираните возила на улицата што води до Средно Водно.

Ги замолуваме патниците на посочените линии да бидат потолерантни кон возачите, имајќи во предвид дека тие не се виновни за настанатиот проблем.

Непречена проодност и сообраќање на автобусите на посочените линии, очекуваме да настане по интервенција на сообраќајната полиција.

Ви благодариме на разбирањето.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.