Моментален број на посетители:
61
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
14 мај 2019
 

СЛОБОДЕН ПРИСТАП НА КУЧИЊАТА ПРИДРУЖНИЦИ НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ВОЗИЛАТА НА ЈСП И НА ЖИЧАРНИЦА

Почитувани,

Ве информираме дека ЈСП Скопје како општествено одговорно претпријатие одлучи да им излезе во пресрет на лицата со посебни потреби со куче придружник и да им дозволи непречено користење на нашите услуги, односно да дозволи влез на кучињата придружници во возилата на ЈСП и во кабините на Жичарницата. 

Одлуката е донесена со оглед на фактот дека кучињата придружници се од голема помош на посочената категорија лица, имајќи во предвид дека тие им се од голема корист како дополнително помагало во извршување на секојдневните обврски и активности. 

Апелираме и до останатите јавни институции, маркети, кина, театри, трговски центри, да донесат соодветна одлука, а со тоа автоматски да се вклучат во подигнување на јавната свест за отворени врати и слободен пристап на кучињата придружници на лицата со хендикеп. 

Ги повикуваме сите корисници на нашите услуги да се воздржат од негативни реакции доколку се доведат во ситуација да се возат со лице со куче придружник имајќи во предвид дека кучињата се безопасни по околината, тие се специјално дресирани со намена за придружба и движење на посочената категорија лица.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.