Моментален број на посетители:
562
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
07 јуни 2019
 

ОД ПОНЕДЕЛНИК ЛЕТЕН ВОЗЕН РЕД, НЕМА ДА ВАЖАТ БЕСПЛАТНИТЕ УЧЕНИЧКИ БИЛЕТИ

Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека од понеделник, (10.06.2019 година), возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по летен возен ред.
Поради завршувањето на учебната година 2018/2019, бесплатните билети за учениците нема да важат за време на летниот распуст.
Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни.
ЈСП Скопје нуди можност основците/средношколците (не важи за средношколците кои сега завршуваат четврта година) по повластени цени да купат месечен билет за јули и август по цена од 600 денари (за еден месец).
За купување т.н. сезонски билет за ученици, неопходно е лицето да приложи потврда дека е ученик и да достави книшка на увид. 
Бесплатните студентски билети ќе важат и за време на летото.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.