Моментален број на посетители:
866
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
05 јули 2019
 

ВИКЕНДОВ ПО МОСТОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека утре, сабота (6.07.2019 год) и во недела (7.07.2019 год) во периодот од 5 до 17 часот поради градежни зафати, на мостот Гоце Делчев ќе биде воведен времен сообраќаен режим, а автобусите од јавниот превоз што сообраќаат во тој дел ќе бидат пренасочени.

При времениот, изменет режим на сообраќање, автобусите ќе ги користат постоечките постојки на трасите. 

Утре, затворен за сообраќај ќе биде мостот во правец од Мавровка кон Влада (исток-запад), при што линиите 2, 2А, 8, 11, 11А, 12, 18, 19, 32, 56, 56А, 60 и 118 во правец од исток према запад од булевар „Гоце Делчев“ ќе вртат лево по улица „Филип Втори Македонски“ (МНТ), па десно по булевар „11 Октомври“, по улица „Димитрија Чуповски“, потоа десно по булевар „Васил Главинов“ и од крстосницата со булевар „Партизански одреди“ секој продолжува по својата траса.
Во обратна насока, од запад кон исток, сите линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.

Во недела, линиите 2, 2А, 8, 12 и 19 во правец од запад према исток од булевар „Партизански одреди“ ќе вртат десно по булевар „Васил Главинов“, лево по улица „Димитрија Чуповски“ (Рекорд), булевар „11 Октомври“, кај Градска болница лево по улица „Филип Втори Македонски“ (МНТ) и потоа секоја линија продолжува по вообичаената траса.

Линиите 11, 11А, 18, 32, 56, 56А и 60 во правец од запад према исток од булевар „Партизански одреди“ ќе бидат пренасочени десно по булевар „Васил Главинов“, лево по булевар „Димитрија Чуповски“ (Рекорд), по булевар „11 Октомври“, постојка Зелен пазар и на раскрсницата кај Црвен крст ќе вртат лево по булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) од каде ќе продолжат до Транспортен центар.

Во обратна насока, од исток кон запад сите линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.