Моментален број на посетители:
386
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
17 јули 2019
 

Во петок приградската линија 66А ќе сообраќа со изменет режим

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека во петок (19.07.2019 год) линијата 66А (Транспортен центар-Дељадровци) во терминот во 10 часот ќе сообраќа скратено, односно до Миладиновци, наместо до крајната станица во Дељадровци.

Во обратна насока, автобусот наместо во 11.10 часот од Дељадровци кон Транспортен центар, ќе сообраќа од Миладиновци во 11.20 часот.

Изменетиот режим на сообраќање е поради интерактивната вежба за заштита и спасување „Заеднички договор 2019“ која ќе се реализира во индустриската зона на селата Миладиновци, Петровец и Бунарџик, поради што ќе бидат затворени одредени делници.

Ви благодариме на разбирањето.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.