Моментален број на посетители:
232
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
17 јули 2019
 

ПРИВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ „ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ“

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве известуваме дека денеска, среда (17.07.2019 год), поради градежни работи, потегот од кружниот тек кај Порта Влае до крстосницата со улица „Московска“ (кај ТЦ Сити мол) целосно ќе биде затворена за сообраќај), во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар, а сообраќајот ќе се одвива по изменет режим.

Сообраќајот во спротивниот правец ќе се одвива по вообичаен режим.

Возилата од линиите 2, 2А, 4, 11, 11А, 12, 21, 22, 22А, 32, 56, 56А, 60 и 64А ќе сообраќаат по траса на линија 5 (улица „Васил Чакаларов“) и од кај студенски дом „Гоце Делчев“ по улица „Московска“ ќе се движат кон булевар „Партизански Одреди“ за да излезат на траса.

Возилата од линија 8, на почетна станица во Влае ќе стои кај Порта Влае и ќе продолжи да се

движи по траса на линија 5 (улица „Васил Чакаларов“) до студенски дом „Гоце Делчев“ по

улица „Московска“ и ќе продолжува право од кај почетната станица на 15 и 19 (улица „Љубљанска“) да излегува на булевар „Илинден“ на траса.

 

 
 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.