ЗОШТО Е ПОТРЕБЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ |
|
Организирањето и функционирањето на јавниот превоз, карактеристичен како облик на превоз особено во поголемите градови, наметнато е како неопходност од повеке аспекти.
Веке хроничен и се поизразен проблем во поголемите градови е прегустиот сообраќај, односно преоптеретеноста на сообраќаниците, бавноста во одвивањето на сообраќајот и големите губитоци на време, зголемениот ризик, недостаток на паркинг простор, загадувањето на воздухот и бучавата, дополнително намалената пропустливост на сообраќајниците заради паркираните возила по страничните делови и др.
Основен генератор на овие проблеми е што преголем број на патувања во Градот се прават со патнички автомобили за што е потребна голема површина како за движење така и за паркирање.
Од тие причини, еден од најефикасните начини, ако не за потполно решавање, тогаш за значајно ублажување на овој акутен проблем, секако е намалувањето на бројот на возните единици кои учествуваат во сообраќајот во определен временски период. Од практично применливите и ефикасни начини за ублажување на оваа состојба, посебно може да се издвои организирањето и функционирањето на јавниот превоз кој со својот потенцијал може да обезбеди оптимален урбан транспортен систем.
Со организирањето на квалитетен и ефикасен јавен превоз и омасовувањето на користењето на истиот би се постигнале следниве позитивни ефекти:
- намалување на сообраќајниот метеж со намалувањето на бројот на возни единици кои учествуваат во сообраќајот (лесните индивидуални возила),
- остварување на заштеди во енергија (рафинати како погонско гориво), а со тоа и заштеди за општеството-државата во девизни средства за набавка на истите,
- намалување на загадувањето на животната средина,
- побезбеден превоз со намалувањето на сообраќајниот метеж,
- поголема економичност во превозот - достапност до местото на дестинација на граѓаните,
- поголема мобилност,
- намалување на закрченоста на сообраќајниците која ја создаваат паркираните индивидуалните возила во потесното градско подрачје,
- решавањето на превозот за одредена категорија на граѓани за кои е тоа од социјален аспект неопходно и др.
|
|
Мисија на ЈСП СКОПЈЕ - Скопје е обезбедување на високо квалитетна превозна услуга која се карактеризира со удобност, сигурност, навременост и достапност во простор и време за целокупното локално население и посетителите на Градот и приградските населби под економски најповолни и еколошки прифатливи услови. |
|
За остварување на мисијата на Јавното претпријатие потребно е да се остварат следните цели:
- Унапредување на квалитетот на транспортните услуги со примена на високи стандарди на безбедност, редовност, удобност и др.;
- Обнова на возниот парк и воведување современи техничко-технолошко системи и средства;
- Финансиска стабилност на претпријатието;
- Имплементација на меѓународните стандарди за квалитет ISO 9001:2008;
- Унапредување на заштитата на животната средина;
- Зголемување на квалитетот на информираност на корисниците (на постојките, во и на возилата);
- Обновување и модернизирање на автобуските стојалишта.
|
|
|