|

Здраво, дали после уплата за платена казна треба да се достави некаква потврда до ЈСП (копија од уплатница)?

Почитуван-а, не, нема потреба.
Уплатата се евидентира системски.
|

Почитувани, дали картичката за бесплатен превоз за студенти може да се обнови и после нова година или мора да се обнови до 31.12?

Почитуван-а, може да се обнови кога сакате, но, се дотогаш, немате право на бесплатен превоз и покрај тоа што ги исполнувате условите.
|

Почитувани,
Онлине купив карта за 10 возења градска, преку апликацијата Скопска, но картата не ми се појавува иако парите се повлечени од сметка. Инаку ова ми е втор пат како ја користам апликацијава, првиот пат функционираше без проблем. Што треба да направам да не ми пропадне картата, односно парите?

Почитуван-а, во случајов обратете се на наменската контакт адреса наменета за сите прашања и проблеми во врска со мобилната апликација „Скопска“ apskopska@jsp.com.mk.
|

Dali bezplatnoto vozenje na penzionerite vazi i vo prigradskite linii

Почитуван-а, веројатно мислите на бесплатниот превоз за возрасни лица (жени над 62 год, мажи над 64 год), кој важи во вторник, петок, сабота и недела...
Да, тој важи за наменетата категорија на лица во посочените денови на сите линии (градски и приградски).
|

Дали за викенд и празници е бесплатно возење со автобус до средно водно

Почитуван-а, да, превозот со линиите 25, 25А и 25Б е бесплатен за сите категории на патници за време на државни празници и викенд (сабота и недела).
|

Dali noknite linii za avtobus br.5 vozat sekoj den kako sto se na raspored ili ne?

Почитувана-а, распоред/возниот ред на ноќните линии е достапен на веб страната.
|

Dali ne personalizirani te zeleni karti imaat rok? Kade se gleda rokot? I dokolku ima kade se prodolzuva

Почитуван-а, да, рокот на зелените персонализирани картички е 10 години.
Проверка на рокот може да се изврши во било кој центар за персонализација.
Такви центри има 7 и тоа на следниве локации:
- во Автокоманда, на автобуската постојка кај Шумарски/Земјоделски факултет
- во Аеродром, до ТЦ „Капитол“, во зградата на „Телекабел“
- на Бит пазар, спроти некогашен „26 јули“
- во Влае, во Порта Влае
- во центар, во Градски ѕид (во просториите на ЈСП ТУРС), во пролазот кај кафе „Корзо“
- во Карпош 2, на автобуската постојка кај Педагошки факултет
- на Транспортен центар, на терминалот на ЈСП Скопје (во автобусот)
Сите центри за персонализација работат од понеделник до сабота од 6 - 19.30 часот.
Рокот на картичките не се продолжува, туку се купува нова картичка.
|

Na koi lokacii (biletari) mozeda se izvadi nova (penzionerska)pretplatna legitimacija
Vi blavodaram

Почитуван-а, тоа може да го направите во било кој центар за персонализација.
Има седум такви центри на следниве локации:
- во Автокоманда, на автобуската постојка кај Шумарски/Земјоделски факултет
- во Аеродром, до ТЦ „Капитол“, во зградата на „Телекабел“
- на Бит пазар, спроти некогашен „26 јули“
- во Влае, во Порта Влае
- во центар, во Градски ѕид (во просториите на ЈСП ТУРС), во пролазот кај кафе „Корзо“
- во Карпош 2, на автобуската постојка кај Педагошки факултет
- на Транспортен центар, на терминалот на ЈСП Скопје (во автобусот)
Сите центри за персонализација работат од понеделник до сабота од 6 - 19.30 часот.
|

Купив билет преку телефон нс апликацијата, парите се подигнати од картица и трансакцијата е валидна но билетот не се појави во апликацијата

Почитуван-а, случајот пријавете го на apskopska@jsp.com.mk, тоа е наменската контакт адреса за пријава на проблеми, прашања и слично во врска со мобилната апликација „Скопска“.
|

Дали казната може да се плати на билетара

Почитуван-а, не. Казната се плаќа во банка, на жиро сметка која е наведена на издадениот записник.
Потврда за уплатата нема потреба да се доставува кај нас, таа се евидентира системски.
|
|