Моментален број на посетители:
2546
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ПОСЕБНИ УСЛУГИ
 

ЈСП СКОПЈЕ - Скопје во својата организациона поставеност има и Служба за слободен превоз, која со возилата на ЈСП СКОПЈЕ организира и реализира договорен редовен и слободен превоз, и тоа: 

 

1. Посебен линиски превоз
ЈСП СКОПЈЕ - Скопје врши посебен линиски превоз со возилата за јавен превоз или т.н. договорен превоз за училишта, фабрики, јавни институции и превоз по барање на физички лица и здруженија на граѓани.

 
2. Превоз за лица со посебни потреби
ЈСП СКОПЈЕ - Скопје располага со нископоден автобус и минибус за превоз на лица со посебни потреби. Нивното користење се регулира со посебен договор со градот Скопје и Здружението на студенти и младинци Скопје, а се користи за превоз на студентите и учениците со посебни потреби од дома до училиште и обратно.
 
3. Одржување и поправка на моторни возила
Располагаме со простор , потребна опрема и високо стручен кадар за комплетно тековно и инвестиционо одржување на автобуси , кое опфаќа: одржување на горен построј- каросеријата, од делумни поправки на каросерија до целосна реконструкција вклучувајќи и фарбање; одржување на долен построј на автобуси: мотор, менувач, диференцијал, предна и задна осовина, систем за кочење, пневматика и хидраулика, систем за ладење, систем за управување и светлосни уреди.
 

Претпријатието е овластен сервисер за следните типови возила:
- МАН;
- РАБА-МАН;
- МЕРЦЕДЕС;
- ФАП;
- ИВЕКО;
– ЛАЗ;


Оваа дејност ЈСП СКОПЈЕ - Скопје ја врши преку посебно Одделение за договорен превоз кое можете да го контактирате на бесплатната телефонска линија 0800 15 115, како и :

телефон/факс: 02-3174-952; 072 304 045; Понеделник до Петок - од 7 - 15 часот 

факс: 02-3174 260;

e-mail: slobodenprevoz@jsp.com.mk

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.