Моментален број на посетители:
453
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ЖИВОТНА СРЕДИНА
 

Со почетокот на 21-от век се поизразени се залагањата за намалување на потрошувачката на минерланите горива во светот, од една причина што се помалку ги има, а друга поради политичката нестабилност на поголемиот дел од државите со нивни извори.

ЈАВНОТО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ е несомнено најголем поединечен потрошувач на гориво во категорија - транспортот.

ЈАВНОТО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ троши просечно годишно околу 6.000.000 литри гориво. Тоа се приближно 30.000 буриња, кои кога би ги наредиле едно до друго, би достигнале и би го поминале Катланово.

Со тоа што ЈСП СКОПЈЕ “согорува“ над 6.000.000 литри гориво годишно, истовремено претставува и најголем поединечен потенцијален загадувач на животната средина во својата категорија.

Се` до 2006 година немаше никакви активности во правец да се намали штетноста од емисијата на издувните гасови, а со тоа и да се даде значителен придонес во заштитата на животната средина.

  Европските стандарди за емисија на издувните гасови кај возилата дефинираат прифатливи граници на издувни гасови кај новите и користените возила во рамките на државите на ЕУ. Во моментот се регулирани емисиите на азотните оксиди (NОx), јагленоводородите (THC), неметанските јагленоводороди (NMHC), јагленмоноксидот (CO) и прашкастите - партикуларните материи (PM).

Барањата за намалување на штетноста на издувните гасови, односно грижата за зачувување на животната средина се врвен приоритет на земјите од ЕУ, а индиректно и на Р. Северна Македонија.

 На крајот на 2010 година, ЈСП СКОПЈЕ во својот возен парк брои околу 350 автобуси, распоредени во двете автобази. Овој возен парк се карактеризира по различности во многу сегменти.

Освен по производители, автобусите во ракмите на еден производител се разликуваат и според вградениот мотор.

Од аспект на емисија на издувни гасови, освен минибусите кои се со емисија EURO II, сите останати возила се надвор од стандардизацијата за емисија на издувни гасови.

Во почетокот на 2006 година во експлоатација беа пуштени 30 возила, прилагодени за работа со комбинација на дизел гориво и природен гас. Целта беше да се намали потрошувачката на дизел горивото, а истовремено да се намали и штетноста на издувните гасови.

Во 2008 та, дополнително беа преадаптирани моторите на уште 12 возила за работа со комбинација на дизел гориво и природен гас.

Иако се работи за мала бројка на возила, во тоа време тоа претставуваше прв чекор, први обиди на ЈАВНОТО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ во намалување на штетноста на издувните гасови и заштитата на животната средина.

Во моментот кога е правена анализата во свјот возен парк ЈСП СКОПЈЕ располага со 217 нови возила, од кои 80 возила се со емисија на издувни гасови EURO IV и 137 се со емисија на издувни гасови EURO V. Учеството на возила кои не исполнуваат стандарди за емисија на издувни гасови, изнесува околу 30% во вкупниот сообраќај.

Па така, имајќи го во предвид поминатиот пат на автобусите, од околу 15.5 милиони километри годишно, кое е приближно патување до месечината и назад 20 пати повторено, вкупната емисија на поедините загадувачи во животната средина, посебно на оние кои се сметаат за канцерогени, како што се CO, NOx, PM, споредбено се претставени во табелата.

 

2010 година

2012 година

Јаглен моноксид (CO)

592.000kg

257.802kg

Азотни оксиди (NOx)

729.000kg

347.320kg

Партикуларни честички(PM)

18.200kg

6.941kg

 Се гледа дека само во 2012 година, со обновен возен парк од само 70%, загадувањето е значително намалено.

Со обновата на возниот парка на ЈСП СКОПЈЕ, најголем бенефит имаат граѓаните на Градот Скопје и тоа оние кои го користат јавниот превоз, а и сите останати преку намалување на емисијата на штетните гасови во атмосферата.

 

 

 
 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.