Моментален број на посетители:
2557
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Оглас за Управител на ЈСП ТУРС
15 јули 2024
 

                                                                    О Г Л А С

за пројавување на интерес за Управител на ЈСП ТУРС-ЈСП СКОПЈЕ

1.       В.Д. Директорот на единствениот содружник Јавно Сообраќајно Претпријатие Скопје во согласност со Изјавата за основање на трговско друштво за сообраќај, туризам, услуги и трговија ЈСП ТУРС ЈСП СКОПЈЕ ДООЕЛ дава предлог до Управниот одбор за именување на Управител. За таа цел В.Д. Директорот има потреба од кандидати кои пројавуваат интерес за Управител на ЈСП ТУРС – ЈСП СКОПЈЕ за да предложи соодветен кандидат за позицијата.

 

2.       Кандидатите кои се заинтересирани потребно е силно да веруваат во сопствените капацитети, да поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, способности за тимска работа и да се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици.

 

3.       Заинтересираните кандидати треба да ги исполнат следниве услови:

Општи улови:

-       да е државјанин на Република Северна Македонија,

-       активно да го користи македонскиот јазик,

-       да е полнолетен,

-       да има општа здравствена способност за работното место

 

               Вид на образование:

-       Стекнато ниво на квалификации VIA според Македонска рамка на квалификации или најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII / 1 степен – сите струки

              

               Други посебни услови:

-       Активно познавање на англиски јазик

-       Активно познавање на комјутерски и програми за канцелариско работење

-       Сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај.

-       Сертификат за раководење со туристичка агенција

-       Најмалку пет години работно искуство.

 

4.       Ваквиот оглас за пројавување на интерес не е законска обврска, и истиот има за цел да даде шанса на што поголем број способни кандидати и затоа единствениот содружник се одлучи на ваков чекор.

 

5.       Заинтересираните кандидати потребно е да достават мотивационо писмо и двегодишна програма за работа на туристичката агенција  заклучно со 18.07.2024 година до Одделението за управување со човечки ресурси кај единствениот содружникЈСП СКОПЈЕ - СКОПЈЕ.

 

          ЈСП СКОПЈЕ

                                                                                                                                                          В.Д. ДИРЕКТОР

 

                                                                                                                                         _____________________

Драги Кушовски

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.