Моментален број на посетители:
70
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
30 декември 2020
 

НА 1 ЈАНУАРИ АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД И ЌЕ СЕ ВКЛУЧАТ ВО СООБРАЌАЈ ПОДОЦНА ОД ВООБИЧАЕНОТО 

Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека во петок (1.01.2021 год), возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.

ВКЛУЧУВАЊА НА ГРАДСКИ ЛИНИИ

ВКЛУЧУВАЊА НА ПРИГРАДСКИ ЛИНИИ 

 И во сабота (2.01.2021 год) и во недела (3.01.2021 год) ќе се вози по неделен возен ред, со вообичаените термини на првите вклучувања на сите линии.

 

Работно време билетарници и центри за персонализација

Утре, четврток (31.12.2020 год), сите билетарници и центри за персонализација ќе работат до 17 часот.

Во петок (1.01.2021 год), билетарниците нема да работат, а во сабота (2.01.2021 год) ќе работат вообичаено.

Во недела (3.01.2021 год) дежурни од 7 до 19.30 часот ќе бидат билетарниците на Зелено пазарче и Транспортен центар, а од 7 до 13.30 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.

 

Ве потсетуваме дека и натаму не работи Жичарницата на Водно, а не сообраќаат ни линиите 25, 25А и 25Б до Средно Водно.

Сѐ уште е во сила времената забрана за бесплатен превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.