ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИТЕ ЗА БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ
ГОДИШЕН БИЛЕТ Е ВАЛИДЕН ДОКУМЕНТ ЗА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ, НЕ ИНДЕКС ИЛИ ПОТВРДА ОД ФАКУЛТЕТ
Ги потсетуваме студентите кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз, дека единствено персонализирана електронска картичка „Скопска“ со заверен/продолжен студентски бесплатен билет за 2023 година е валиден документ за користење на правото на бесплатен превоз.
Индекс или потврда за редовен студент не се признаваат за валидни возни документи. Продолжувањето/заверувањето на билетот се врши во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје, при што неопходно е лично присуство на студентот кој треба да приложи потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа (не постара од 30 дена), оригинал индекс со запишан летен семестар и лична карта на увид. Право на користење на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје до додипломски студии (Прв циклус), без ограничување на возраста.
Индекс или потврда за редовен студент не се признаваат за валидни возни документи.
Продолжувањето/заверувањето на билетот се врши во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје, при што неопходно е лично присуство на студентот кој треба да приложи потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа (не постара од 30 дена), оригинал индекс со запишан летен семестар и лична карта на увид.
Право на користење на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје до додипломски студии (Прв циклус), без ограничување на возраста.