ВО ЧЕТВРТОК АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО САБОТЕН ВОЗЕН РЕД, БИЛЕТАРНИЦИТЕ НЕМА ДА РАБОТАТ, ЖИЧАРНИЦАТА ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ВООБИЧАЕНО
Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека за време на одржување на Министерскиот самит на ОБСЕ, односно во среда (29.11.2023 год), јавниот превоз ќе сообраќа вообичаено, по зимен делничен возен ред.
Во четврток (30.11.2023 год), автобусите ќе возат по саботен возен ред.
Сите билетарници и центри за персонализација во среда (29.11.2023 год) ќе работат од 6.30 до 13 часот, а во четврток (30.11.2023 год) нема да работат.
Жичарницата сите денови ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.