УТРЕ И ЗАДУТРЕ ЌЕ СЕ ВОЗИ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД, ЖИЧНИЦАТА ЌЕ РАБОТИ СИТЕ ДЕНОВИ ДО 17 ЧАСОТ
Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека утре, петок (19.01.2024 год), поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
И в сабота (20.01.2024 год) ќе се вози по неделен возен ред.
Утре, петок (19.01.2024 год) дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров, а в сабота (20.01.2024 год) сите ќе работат со вообичаеното работно време.
Жичницата сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.
|