НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД НА РАМАЗАН БАЈРАМ, ЖИЧНИЦАТА ЌЕ РАБОТИ ДО 18 ЧАСОТ
Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека утре (10.04.2024 год.) на верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Жичницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.