Ве известуваме дека во недела (04.10.2015 год.) кај клучката кај Хотел Континентал ќе има градежни активности. Поради тоа, сообраќајот на линиите на јавен превоз чија траса поминува по бул. „Александар Македонски“ и бул. „Никола Карев“ (2, 2А, 16, 50, 65В, 53, 55, 63б, 65, 66 и 68),ќе се одвива на следниов начин:
Во пероидот од 7,00 до 12,00 часот, автобусите што се движат кон Автокоманда, од постојката кај ОУ „Конгреси Монастирит“ до постојката кај Х.Континентал ќе ги користат булеварите „Никола Карев“ и „Александар Македонски“ (нема да го користат кружниот тек). Во обратен правец ќе си ја користат нивната траса.
Во период од 12,00 до 14,00 часот ќе бидат целосно затворени за сообраќај булеварите „Александар Македонски“ и „Никола Карев“ со кружниот тек. Автобусите од сите линии кои поминуваат по истите ке бидат пренасочени преку нас. Железара во двата правци и тоа по следните улици: од Бит-пазар - бул. „Крсте Мисирков“, продолжуваат по ул. „Цветан Димов“,бул.„Христијан Т.Карпош“, ул. „Ферид Бајрам“,ул. „Коце Металец“ и ул.„16-та Макед. Бригада“ и бул.„Александар Македонски“.
|