ОГЛАС ЗА ВОЗАЧ НА АВТОБУС (ЈАВЕН ПРЕВОЗ)
Потребни квалификации:
· Минимум завршено средно образование (IV степен);
· Флексибилност за работа во смени;
· Професионално однесување;
· Возачка дозвола Д категорија;
· Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
· Работно искуство од минимум 2 години.
Работни услови:
· Работно време: 40 часа неделно;
· Работното време се организира во три, односно четири смени (двосменски и двократно) и директно зависи од возниот ред на соодветната линија;
· Пауза во зависност од возниот ред на секоја линија;
· Со право на бенефициран стаж
Со пријавите на огласот кандидатите треба да достават:
- Диплома за завршено образование;
- Копија од возачка дозвола Д категорија;
- Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Потребната документација да се испрати најдоцна до 02.10.2023 год
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии и потребната документација можат да ги проследат на полето за брза апликација (https://kariera.mk/job/Epj7RlV0iUGDHhXkokGeMw/vozach-na-avtobus-javen-prevoz), на: kosta.popovski@jsp.com.mk со назнака ВОЗАЧ НА АВТОБУС или во хартиена форма во Одделение за човечки ресурси при ЈСП Скопје.
Напомена: Со достава на пријавата, кандидатот дава согласност да се обработуваат неговите лични податоци во постапката за селекција согласно со Законот за заштита на лични податоци.
|