Моментален број на посетители:
89
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Демант ЈСП Скопје 12.09.24
12 септември 2024
 

Почитувани,

 

Јавно сообраќајно претпријатие Скопје најостро го демантира како лажна вест текстот на порталот насловен vecer.mkd.

 

Не проверена е содржината изнесена во текстот, во која подвлекувате дека „Причина што автобусот (погоре во текстот приградската линијата со број 33) кој сообраќа 12 години, а од кој зависи одењето на училиште на многу ученици, а и на граѓани за до нивните работни места е тоа што претпријатието нема пари за да го регистрира овој автобус, а друг за замена нема, објави МКД. “. И во самата изјава на В.Д. Директорот на ЈСП Скопје Драги Кушовски, која ја цитирате подолу не е наведено дека има проблем со регистрација на автобусот.

 

Тенденциозна е намерата дека постојано имаме случаи на редуцирани возни линии, земајќи го предвид фактот дека просечната старост на автобусите е 13 години и оттука произлегува потребата за набавка на нови автобуси во возниот парк на ЈСП. Имено, станува збор за редуциран возен ред поради исклучување на автобус кој сообраќа неколку пати на тој реон, а причина е технички неисправно возило, а не како наведеното дека се работи за финансиски проблем околу регистарцијата на истото. Јавно сообраќајно претпријатие Скопје има предвидено средства за регистрација на возилата во годишниот план за јавни набавки, и согласно тој имаме активни договори за осигурување на моторни возила од автоодговорност и технички преглед.

 

Бараме демантот да биде објавен во целост, а текстот за којшто се однесува, да биде повлечен.

 

Со почит,

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.