ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА
Бр. ЈСП-Д-1/2018
Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје објавува повик за деловна соработка со правни лица за извршување на секундарна дистрибуција - продажба на неперсонализирани картички и надополнување на сите видови картички за Ticketing системот во линиски превоз на патници во Град Скопје.
Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје на сите заинтересирани правни субјекти, кои ќе ги исполнат бараните услови и со кои ќе склучи договор за деловна соработка, како надомест за извршената продажба на услугите на ЈСП - Скопје, ќе има дава фиксна провизија во износ од 3% без вклучен ДДВ, од вредноста на извршени продажби на услуги на ЈСП - Скопје.
УСЛОВИ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА
За склучување на Договор за деловна соработка со ЈСП - Скопје заинтересираните правни лица е потребно да ги исполнуваат следните општи, технички и просторни услови :
- да се запишани во Централен регистар на РМ за вршење на дејност ;
- во последни 6 (шест) месеци да имаат позитивно финансиско работење ;
- да имаат правно регулиран начин на користење на деловен простор во кој ќе
ја обавуваат предметната дејност (имотен лист или договор за закуп) ;
- да ги имаат платено сите даноци, придонеси и други јавни давачки ;
- да не се во постапка на стечај или ликвидација ;
- со правосилна пресуда да не му е изречена мерка на безбедност забрана за
вршење на дејност ;
- да поседуваат сопствен фискален апарат преку кој ќе се регистрира промет на
предметна продажба на услуги ;
- во деловниот простор во кој ќе ја обавува предметната дејност да обезбеди
приклучок за електрична енеригија 220V/50Hz и простор за поставување на
терминал преку кој ќе се врши предметната продажба на услуги ;
- да обезбеди простор на видливо место за поставување на ознака дека на
продажното место се врши продажба на услугите на ЈСП - Скопје ;
Сите заитересирани правни субјекти наведените услови ќе ги докажуваат со потпишување на Изјава, а по барање на ЈСП - Скопје, во случај на потреба истите ќе треба да ги докажуваат со потврди издадени од надлежни институции.
Правните лица кои се заинтересирани за вршење на продажба на неперсонализирани картички и надополнување на сите видови картички за Ticketing системот во линиски превоз на патници во Град Скопје, треба да ги достават следните документи во архива на ЈСП - Скопје, на адреса Бул. Александар Македонски бр. 10, 1000 Скопје. :
- пополнета Пријава со бараните податоци, задолжително наведени
телефон и е-маил адреса за контакт и опис на местоположба на локацијата на
која ќе се врши предметната дејност ;
- тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 15 дена ;
- потпишана Изјава од одговорно лице дека ги исполнуваат сите наведени општи,
технички и просторни услови ;
- потпишан модел на Договор за деловна соработка ;
Наведените документи потребни за Пријава може да се подигнат во просториите на ЈСП - Скопје, Бул. Александар Македонски бр. 10, 1000 Скопје, во Одделение за продажба, преку лицето Ленче Ѓоргиевска. Документите можат да се преземат и од веб страната на претпријатието.
НАПОМЕНА: ЈСП - Скопје го задржува правото еднострано да го раските договорот, доколку месечниот промет на предметните услуги на ЈСП - Скопје е под 100.000,00 денари.
ЈСП „Скопје“- Скопје
Директор
Кристијан Чушков
Превземи Пријава-Изјава
|