Моментален број на посетители:
630
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Интерен оглас за пополнување на работноместо
31 мај 2019
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНОМ МЕСТО 

Врз основа на член 37-н од Законот за јавни претпријатија; член 6 став 2 од Законот за вработени во јавен сектор и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас за вработување и интерен оглас за унапредување, начинот на спроведување на селекцијата за вработување и за унапредување како и начинот на бодирањето за давателите на јавни услуги на ЈСП СКОПЈЕ, а во врска со Одлуката бр.  02-577/1  од 31.05.2019 година за објавување интерен оглас за унапредување

ЈСП СКОПЈЕ – објавува    

ИНТЕРЕН ОГЛАС 01/2019

  1. КДР 03 05 Б02 116 Возач на автобус во јавен превоз во Оддел за јавен превоз, Одделение за сообраќај Сектор автобаза Автокоманда (48 извршители) и
  2. КДР 03 05 Б02 116 Возач на автобус во јавен превоз во Оддел за јавен превоз, Одделение за сообраќај, Сектор автобаза Ѓорче Петров (52 извршители) ;

-       Стручни квалификации: стекнато најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование;

-       најмалку две години работно искуство во струката

-       Возачки испит Д категорија

-      работното време е организирано во

                а). Три смени:

- прва смена од    04,30 до 11,00 часот;

- втора смена од  11,00 до 17,00 часот,

- трета смена од  17,00 до 24,00 часот.

Должината на дневното работно време може да изнесува 5,40; 06;  06,30; 07,00 или  08,00 часа што е во дирекна зависност од возниот ред на соодветната линија.

Неделното работно време зависи од возниот ред на секоја линија.

Заради природата на работниот процес во Одделнието за јавен превоз која се извршува согласно транспортната задача од основачот на  претпријатието и регистрираниот возен ред, работното време се организира на принцип на непрекината работна недела со 40 часовно работно време неделно, како  и работа во празник.

б).  Двосменската работа  се врши во:

- прва смена 05,00 до 11,30 часот,

- втора смена од 11,30 до 18,00 часот.

в).  Двократната работа се врши во следните термини:

- од 05,00 до 09,30 часот,

- од 13,00 до 16,30 часот.

г).  На определени линии во рамките на  мрежата на линии кои ги одржува претпријатието се организира четврта смена со почеток на работното  време  од 22,00 до 05,00  часот, односно од 23,45 до 6,00 часот, во зависност од линијата.

Неделното работно време трае 40 работни часа. 

За време на работното време работникот има право на пауза во траење од 30 минути, која се користи во зависност од процесот на работа.

2. Сектор автобаза Автокоманда

2.1.  Одделение за сообраќај

2.1.1. Оддел за јавен превоз

Реден број и шифра

38. КДР 03 05 Б02 116

Звање на работно место

Назив на работно место

Возач на автобусво јавен превоз

Број на извршители

Вид на образование

средно образование

Други посебни услови

Возачки испит Д категорија

Работни цели

Ефикасно и квалитетно управување со автобус во јавен превоз

Работни задачи

-          го превзема автобусот со сообраќајната документација и опрема и врши визуелна проверка на исправноста на автобусот и неговите уреди и агрегати;

-          управува со автобусот по утврдената траса и возниот ред  во градскиот и приградскиот  сообраќај, со почитување на законските прописи  од областа на безбедноста на сообраќајот;   

-          одговорен е за управување и чување на автобусот и  опремата со внимание на  добар домаќин, и за секој откриен дефект на автобусот, оштетена или исчезната опрема должен е веднаш писмено да пријави кај претоставениот, воочените неисправности на автобусот ги внесува во картонот и ги пријавува кај дефектолог или сменоводител;

-          води грижа за правилна валидација на билетот на патниците,  во случај на неисправна  валидација го известува уредно да ја валидира или да го напушти автобусот, во спротивно го известува одделението за контрола на билети;

-          наплатува билети на патниците согласно технологијата на наплата и  работа на претпријатието, за наплатениот билет на  патникот издава фискална сметка, а прометот од продажбата го предава во билетара;

-          ја прати техничката исправност на автобусот, за неисправноста  го известува ОКЦ,  по извршената дијагностика или интервеција, постапува по насоките на  ОКЦ;

-          ги спроведува насоките од ОКЦ,  го известува за  гранки, ударни дупки, оштетувања и други проблеми на мрежата на линија, одговара на секоја писмена или аудио порака;

-          при влез со автобусот во автобазата го полни со гориво,  уредно го паркира на определеното паркинг место,  го обезбедува од самозадвижување и кражба на опремата внатре во автобусот,  одговара на претпријатието за причинета штета на  автобусот и опремата;

-          врши работни задачи соодветни на неговото работно место по налог на претпоставениот.

Одговара пред

Сменоводител на оддел

2. Сектор автобаза Ѓорче Петров

  1. Огласот трае 3 (три) работни дена од денот на објавувањето на огласот.

  1. Изборот ќе се изврши во рок од  5 (пет)  дена  од денот на завршување на огласот.

  1. Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да се земаат во предвид при разгледувањето. Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува во понатамошната постапка.

  1. Пријавите со бараната документација да се достават во архивата на ЈСП СКОПЈЕ на бул. Александар Македонски бр. 10, Скопје контакт телефон 3174264 лице за контакт Стефан Димовски.
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.