Моментален број на посетители:
66
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
28 декември 2021
 

ОД ВЕЧЕРВА ПОВТОРНО СЕ ВО ФУНКЦИЈА НОЌНИТЕ ЛИНИИ

 

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека од денеска, вторник (28.12.2021 год) почнуваат да функционираат ноќните линии и тоа: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65В.  

Воведувањето на ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз што е дел од програмата на раководството на ЈСП и на градот Скопје. На овој начин за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на градот пред две години.   

Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65В, ќе сообраќаат секој ден, а останатите ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.

Прегледот на возниот ред и трасите на линиите е достапен на веб страницата, во делот ВОЗЕН РЕД/НОЌНИ ЛИНИИ.

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.