Моментален број на посетители:
86
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
28 април 2023
 

АВТОБУСИТЕ НА 1 МАЈ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД, ЖИЧАРНИЦАТА ЌЕ РАБОТИ ДО 20 часот

Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, во понеделник (1.05.2023 год), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Жичарницата во понеделник (01.05.2023 год) ќе работи од 10 до 20 часот, исто и во вторник.

Ве потсетуваме дека од месец мај, Жичарницата работи два часа повеќе од изминатиов период, односно од 10 до 20 часот, согласно одлуката за работно време на Жичарницата за период мај - септември.

Во период од 19 - 19.30 часот е последното возење од доле нагоре, а во 19.45 часот е последното возење од горе надоле.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.