Моментален број на посетители:
69
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
01 јуни 2023
 

НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД НА ДУХОВДЕН, ЖИЧАРНИЦАТА ЌЕ РАБОТИ ВООБИЧАЕНО 

Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека поради верскиот празник Духовден, утре, петок (02.06.2023 год) и во сабота (03.06.2023 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 56, 56А,
70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

 

Во недела (04.06.2023 год) сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

ЛИНИИ 59, 59А И 59Б

Утре, петок (02.06.2023 год), во сабота (03.06.2023 год) и во недела (04.06.2023 год), на линиите 59 (Карпош3 - Кучевишка бара - Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче - Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода - Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

 

БИЛЕТАРНИЦИ  

Утре, петок (02.06.2023 год) билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, а во сабота (03.06.2023 год) ќе имаат редовно работно време.

 

ЖИЧАРНИЦА

Жичарницата утре, петок (02.06.2023 год) ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.