Моментален број на посетители:
191
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
28 декември 2023
 

ВОЗРАСНИТЕ ЛИЦА И СТУДЕНТИТЕ ДА ГИ ПРОДОЛЖАТ БИЛЕТИТЕ ЗА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ

Ги потсетуваме возрасните лица корисници на бесплатен превоз во вторник, петок, сабота и недела, да ги продолжат/заверат билетите за наредната година, доколку сакаат да го користат превозот бесплатно во посочените денови и во 2024 година.

Возрасните лица (жени над 62 год, мажи над 64 год) треба да достават лична карта на увид.

 

Неопходно е и корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз да го продолжат/заверат билетот за 2024 година, доколку сакаат да се возат бесплатно в година.

Потребна документација за студентите:

-     - потврда за редовен студент издадена од акредитирана     високообразовна установа (не постара од 30 дена)

-     - оригинал индекс со запишан зимски семестар

-     - лична карта на увид

 

На студентите/бруцоши од студентската 2023/2024 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година.

 

Продолжувањето на билетите се врши во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје со лично присуство на корисникот на билетот.

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.