Моментален број на посетители:
341
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
08 февруари 2024
 

 Поради асфалтирање на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел во периодот од 9 до 17 ќе биде воведен времен режим на сообраќај, односно тој ќе се пренасочува преку скопската обиколница, за што ќе биде поставена соодветна сигнализација.

Како што информираат од ЈП „Улици и патишта“-Скопје, ќе се асфалтира коловозната површина на улицата во насока од крстосницата со улицата „Боца Иванова“ до улицата „Нов Живот“, односно од првата улица за влез во гробишта „Бутел”, потег кој завршува до улицата „Нов Живот“, во рамки на границите на ГУП согласно одобрениот сообраќаен проект. 

Поради тоа линиите 61 И 71 од Пазар Бутел ќе се движат кон Љуботенски пат и по Обиколница до клучката пред Горно Оризари каде се враќаат по траса, пренасочувањето е во двете насоки.

Линија 59 ќе сообраќа до Гробишта Бутел.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.