Моментален број на посетители:
558
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Соопштение - БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ
28 декември 2015
 

 С О О П Ш Т Е Н И Е

за бесплатен превоз

 

Јавното сообраќајно претпријатие „СКОПЈЕ“ – Скопје, ја информира јавноста дека почнувајќи од 01.01.2016 година, ќе започне со реализација на проектот „Бесплатен превоз за сите редовни студенти на додипломски студии на Државните универзитети со седиште во градот Скопје“.

Редовните студентите запишани на додипломски студии на еден од Државните универзитети со седиште во град Скопје кои веќе поседуваат персонализирани картички, потребно е да го посетат било кое место за персонализација (едно од осумте инфоцентри), да понесат со себе потврда за редовен студент, индекс и лична карта за идентификација, за да им се запишат соодветните електронски билети.

За оние студенти на додипломски студии кои немаат извадено персонализирани картички, исто така потребно е да посетат еден од 8-те Инфо Центри на ЈСП СКОПЈЕ со потребната документација (потврда за редовен студент, индекс и лична карта). Со издавањето на персонализираната картичка ќе се изврши и запишување на соодвениот билет.

Исто така, ја информираме јавноста дека ЈСП СКОПЈЕ продолжува со бесплатна услуга за сите категории на корисници на јавниот превоз, со адреса на живеење во Скопје (ученици, средношнолци, возрасна категорија на граѓани со 62 години за жени, односно 64 години за мажи).

 

Напоменуваме дека бесплатниот превоз може да се користи само ако патникот поседува електронска картичка со запишан билет на истата и задолжително се валидира на валидатор при влез на предна врата.

 

 

Со почит,

ЈСП СКОПЈЕ 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.