ДЕМАНТ
По однос на текстот „Тендер за автобуски картички по мерка на Телеком“, објавен на 10.04.2017 година од страна на НОВА ТВ
ЈСП СКОПЈЕ го демантира во целост текстот „Тендер за автобуски картички по мерка на Телеком“,објавен на 10.04.2017 година од страна на НОВА ТВ, бидејќи со истиот се изнесени невистини кои воопшто не соодветствуваат со вистината.
Имено, пред да биде објавен тендерот за набавка на електронските картички, за целата постапка имаше технички дијалог, а потоа и Одобрение од страна на Советот за јавни набавки.
Понатаму, Гентомар не е компанијата која што ги набавува и изработува картичките, туку е мастер-дилер кој само ги продава преку својата продажна мрежа. Иако овој податок, по којзнае кој пат се предочува на истражувачките новинари на НОВА ТВ, овој медиум продолжува со спинувањето на информациите по свој терк.
Се повеќе очигледно е дека со ваквите тези, медиумот НОВА ТВ пробува да направи приказна за дневно политички теми, кои немаат никаква конекција со работењето на ЈСП СКОПЈЕ.
Доколку постојат било какви сомненија од било кого, вклучувајќи го и овој медиум, замолуваме да се обратат до Советот за јавни набавки, кој најлесно може да им ја објасни целата постапка согласно Законот за јавни набавки.
Ваквиот начин на информирање, кој е со единствена цел за дневно политичка пропаганда и којшто претставува спин на реалноста, доведува до целосно и бесцелно дезинформирање на граѓаните.
Со почит,
ЈСП СКОПЈЕ
|