Им се соопштува на патниците - корисници на услугите на ЈСП Скопје дека поради изведување на градежни работи на ул. „Индира Ганди“ во нас. Шуто Оризари, линиите кои сообраќаат по оваа улица ќе имаат променета траса и тоа: - линија бр.19 ќе сообраќа до влезот на нас. Шуто Оризари (кај Пекабеско). - линија бр. 20 ќе сообраќа од Транспотрен центар до поранешна Циглана (ИГМ) по својата траса, потоа продолжува по ул. „Босна и Херцеговина“, лево по ул. „Бутелска“, ул. „Александар Урдаревски“, продолжува по коцката до Шуто Оризари. Во обратна насока да се движи по истата траса. - линија бр. 81 ќе сообраќа од Транспотрен центар до поранешна Циглана (ИГМ) по својата траса, потоа продолжува по ул. „Босна и Херцеговина“, лево по ул. „Бутелска“, ул. „Александар Урдаревски“, по коцката кон Шуто Оризари, а потоа продолжува по својата траса. Во обратна насока да се движи по истата траса. Ова пренасочување ке биде до завршување на градежните работи.