Моментален број на посетители:
526
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
12 јули 2018
 

Денеска 12.07.2018 година поради најавени три протести, голем дел од автобуските линии ќе бидат пренасочени.

- Поради протестот на Бит пазар предвиден во период од 12 до 16.30 часот изменет режим на сообраќање ќе важи за автобуските линии: 2, 8, 9, 12, 16, 17, 19, 45, 47, 47а, 50,52, 53, 54, 55, 57, 59, 62, 63, 63а, 63б, 65, 65а, 65в, 66, 68, 73, односно за сите возила кои минуваат преку Бит пазар.

- Најавен е и протест во период од 15 до 17 часот на крстосницата на „Рузвелтова“ со булевар „Партизански Одреди“. Дел од возилата (4, 7, 15, 21, 21а, 22, 22а и 24) од булевар „Партизански Одреди“ ќе се пренасочат кон булевар „8 Септември" и булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов", а дел од возилата (2, 2а, 11, 11а, 12, 18, 118, 19, 32, 56, 56а и 60) ќе сообраќаат од булевар „Партизански Одреди", лево по булевар „8ми Септември" и ќе продолжуваат по булевар „Илинден“.

- Вообичаено како и во изминатите неколку денови и вечерва во период од 20 до 22.30 часот поради протест пред Собрание на РМ, затворен за сообраќај ќе биде центарот на градот. Возилата од јавниот превоз ќе бидат пренасочени позади собрание по улица „Даме Груев" кон Транспортен ценатар и по булевар „Свети Кирил и Методиј" ( Рамстор) кон Карпош.

 Ви благодариме на разбирањето.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.